Извинете му се на членството за тортурата која им ја вршите во пресрет на изборите. Ќе Ве прославам толку добро што режимот на ВМРО ДПМНЕ кој поради тоа го испративме во историјата, во споредба со Вас на народот ќе му изгледа како новороденче. Вели во својата најнова реакција независниот кандидат за градоначалник на Прилеп, Жарко Стеваноски.
„Упатувам апел до сите мои довчерашни сопартијци, симпатизери и поддржувачи на СДСМ, да не потклекнуваат на очајните обиди на потесната мрежа партиски функционерчиња и на секој притисок и уцена да реагираат со осуда и прекор. Впрочем да реагираат онака како што реагираа кога со вакви методи се служеше режимот на ВМРО кој заедно го рушевме.
Најголемиот дел од оваа партиска структура од огранокот на СДСМ во Прилеп одамна е пуштена низ вода и сега, во очај се обидува да изгребе нови 4 години локална власт за спас на сопствената кожа. Останатите се неми посматрачи и соучесници во креирање на грдото лице на СДСМ“, вели во својата реакција Стеваноски.