Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.246 дози вакцини, од кои 1.253 се аплицирани како прва доза, 3.897 се ревакцинирани, а 96 граѓани примиле трета доза вакцина.
Заклучно со 4 октомври вкупно се вакцинирани 791.141 граѓани, ревакцинирани се 737.979, а трета доза примиле 96 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцини.