ВИДЕО – Бозоски: Уредување Дабнички канал и Градската река, изработка на проекти за мини прочистителни станици, нови дрвореди и парковски површини


Грижата за животната средина после победата на 17 октомври, ќе биде во фокусот на нашето работење. Токму затоа подготвивме програма со реални проекти кои значително ќе го подобрат квалитетот на живот во нашиот Прилеп. Жалосно е да го гледаме Прилеп како во изминатите 4 години со уништени парковски површини на секој чекор. Истакна на денешната прес конференција Диме Бозоски, кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе го уредиме  речното корито во потег од мостот кај касарните до вливот во градската река. Изработка на проекти за мини прочистителни станици, како предуслов за добивање чист воден тект и средување на кејот на градската река која ќе добие нов урбан изглед.

-Обновување на постојните дрвореди во градот со досадување на нови садници и површини со зеленило.

-Промена на оштетени светилки и оштетени прскалки и ресконструкција на постојните паркови во центарот на градот и приградските населби, како и во и населените места (парк Суд, парк Варош, парк Точила, паркови во Мало и Големо Коњари).

-Реконструкција на уништените паркови и спортски терени и изградба на нови. Комплетна реконструкција, обновување и збогатување со нови содржини на Паркот на Револуцијата.

-Партерно уредување со паркови и зеленило во населба Точила околу К-згради.

-Поставување на автоматски системи за наводнување на парковите.

Почитувани, грижата за животната средина е обврска на секој од нас. На 17-ти октомври од вас зависи каков Прилеп ќе гледаме во наредните 4 години, дали град со уништени парковски површини, или град со зелени паркови и со средено речно корито. Гласајте за број 7, за поубав,почист и среден Прилеп!“, додаде Бозоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи