ВИДЕО – Од Еурокомпозит украдени зољи и оружја против оклопни возила, вработените бараат одговорност за негрижата кон државниот имот


Пред 2 дена било украдено оружје од фабриката Еурокомпозит во Прилеп, која не работи веќе 2 години, а неколку месеци објектите и магацините се оставени без никакво обезбедување на милост и немилост на криминалците. Од МВР не кажуваат каков вид на оружје е украдено, а вработените велат дека се работи за золји и средства кои се употребуваат против оклопни возила. Од вчера после оваа кражба полицијата повторно ја обезбедува фабриката.

Но ние немаме пристап до фирмата за да видиме колку оружје е украдено. Се работи за некои золји и посови, оружја од армијата. Ние се сомневаме дека раководството ги прави овие кражби. Затоа што обични граѓани не знааат ниту каде се тие магацини, ниту пак како да се влези до таму. Се работи за зграда во која што е влезено на први и на трети спрат,токму таму каде што е оружјето. Во фабрикава се уште има и оружје и муниција, репроматеријали, има огромни штети направено, а ако продолжат вака ќе се направи уште поголема штета“, вели Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

Претходно беше украдена трафостаницата со што била направена штета од околу 300.000 евра. Во овој момент некој и да сака не може повеќе да пушти електрична енергија во фабриката.

Оваа фабрика повеќе не можи да функционира, направена е штета од 200 или 300.000 евра и тоа на црно што се продаваат тие работи, а сега од ново да се прави тоа би чинело 500 или 600.000 евра“, додаде Богданоски.

Моментално во фабриката се останати 30-тина вработени кои немаат добиемно плата 2 години, а немаат ниту здравствено, ниту пензиско осигурување,

Работиме на црно мораме да егзистираме некако, да работиме за да ја одржуваме фамилијата. Немаме здравствено осигурување, се молиме кај роднини и пријатели за да пишат рецепти за да може ние да ги земиме лековите бидејќи на приватно се скапи“, кажа Горан Велески, вработен во Еурокомпозит.

Вработените бараат одговорност за ваквото уништување на државниот капитал и негрижата на институциите околу чувањето на објектите кои се полни со оружје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи