Денес заедно со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, доктор Борче Јовчески и носителот на листата за советници, Дејан Проданоски и колешката Ане Лашкоска бевме во посета, на средба со вработените од Еурокомпозит Прилеп. Вели во денешната изјава Петар Ристески, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп.
„Овие луѓе 4 години се лажени и оваа фабрика е раскрадена и испустена од ликови кои им ветуваме препород, од ликови кои им ветувале мирна работа до пензија, нови инвеститори, нови инвестиции им ветувале, а тоа се Горан Сугарески, Илија Јованоски, Зоран Заев, Кочо Анѓушев и сите од раководството на СДСМ. Се со ред во моментите кога им требале гласовите на овие напатени, измачени и излажани луѓе. Кога се работи за Еурокомпозит, Сугарески, Јованоски, Анѓушев и Заев се истите тие ликови кои во очи ги гледале и ги лажеле овие луѓе. Сведоци сте и вие, не знам колку пати е ветувано од устата на премиерот дека самошто не е обезбеден нов инвеститор, самошто не е обезбеден стратешки партнер кој ќе ја рестартира оваа фирма, кој ќе го отпочне производството, но не само што тоа не се случило, фирмата не работи од 2017 од доаѓањето на СДСМ на власт. Луѓето немаат добиено ниту денар како плати, а работата да е покатастрофална и потрагична во 2019 година во Собранието на Република Македонија се донесе и Закон за исплата на заостанатите придонеси и до ден денес, еве 2 години Владата не го почитува Законот кој сама го донесла и тие пари, 2.8 милиони евра не се исплатени и покрај тоа што јас и Ане Лашкоска во многу наврати предлагавме во буџетот, во ребалансот на буџетот амандмани за да се обезбедат средства од 2.8 милиони евра за исплаќање на заостанатите придонеси на овие луѓе“, рече Ристески.
Ристески рече дека токму поради оваа ситуација граѓаните требало на 17 октомври својот глас да го даделе за ВМРО-ДПМНЕ и нивните кандидати за градоначалници.
„Што да се очекува од луѓе кои се крстат, во своите деца се колнат и на крајот лажат, како да се очекува од такви луѓе да го исполнат ветувањето кон сите, па и кон овие вработени, кон Еурокомпозит. Од она што денеска го видовме дека оваа фирма не може ни да отпочне со работа, дека е лага кажувањето на последниот дуел на Горан Сугарески кој е претендент за градоначалник на Прилеп, дека самошто уште еднаш не се нашол стратешки партнер, односно нов инвеститор. Од она што денеска го видовме и го кажаа вработените, гледаме дека тука е се искрадено, дека нема стражарска служба, дека уште пострашно последниве денови имало и кражба на оружје за кое самите ќе ве информираат . И затоа еден апел до граѓаните на општина Прилеп, отворете ги очите на овие избори за 10-тина дена за кого ќе го дадете гласот. Ние како ВМРО ДПМНЕ имаме кандидат со кој се гордееме, тој е доктор Борче Јовчески и кој ќе ги исполни сите ветувања, односно кај него зборот е збор. Така да ве повикуваме сите за решавање на заостанатите проблеми да дадете поддршка за ВМРО ДПМНЕ и кандидатор за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, доктор Борче Јовчески“, додаде Ристески.