ЕК за изјавите на Радев за македонскиот попис: Ниедна земја членка не смее да се меша во домашна политика на други земји

Facebook
Twitter
Email
Print


Земјите членки на ЕУ под ниту еден услов не смеат да се мешаат во внатрешните работи на други држави, независно дали се членки на Унијата или не, потсети денеска Европската комисија одговарајќи на прашање на дописничката на МИА од Брисел за изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев.

МИА денеска побара реакција од Европската комисија откако бугарскиот претседател Радев вчера во Словенија изјави дека очекува 120 илјади граѓани во Македонија да бидат попишани како Бугари.

„Повеќе од 120 000 граѓани на Република Македонија, се и граѓани на Република Бугарија, врз основа на нивна недвосмислено изразена волја и на претставени објективни документи за потекло. Други десетици илјади го чекаат својот бугарски пасош и очекуваме таа реалност да биде отсликана и при пребројувањето на населението во Република Македонија“, изјави Радев.

Портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант, не сакаше да одговори специфично за случајот со Северна Македонија, но потсети на принципиелната позиција на Еврокомисијата.

„Никогаш не е прифатливо една земја да и диктира што било на друга земја, рече Спинант, додавајќи дека во случајот со пописот во Северна Македонија доколку станува збор за методолошки прашања, Европската комисија не коментира, но сака да се реши спорот со Бугарија што поскоро“, вели Спинант.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи