НБРМ: Состојбата со цените не е алармантна – но инфлацијата ќе расте повеќе од очекуваното

Facebook
Twitter
Email
Print


Состојбата со цените не е алармантна – но ќе има нагорна корекција на проекцијата за инфлација, потврдуваат од Народната банка за ТВ24. Велат следната година се очекува стабилизација кај сите увозни цени – но дотогаш будно се следи состојбата и доколку е потребно ќе се преземат соодветни мерки.

„Во последните месеци се забележуваат изразени нагорни придвижувања кај цените на електричната енергија и гасот што може да се поврзе со влијанието на повеќе фактори, како што се растот на цените на суровините за производство, транзицијата кон зелена економија, други фактори на страната на понудата  но и со зголемената посткризна побарувачка“, велат од НБРМ.

Во мај годинава кога беше направна првата корекција од централната банка изјавија:

„Кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2% (1,5% во претходната проекција), при нагорни корекции кај надворешните влезни претпоставки во делот на цените на нафтата и храната. За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2%“, изјавија тогаш од НБРМ.

Можеби не до 50%, ама зголемување на цените на храната ќе има. Ќар од тоа поскапување ќе има државата затоа што ќе собере повеќе пари од даноци, поседбно од ДДВ. Тие пари кои не се планирани треба да се вратат назад кај граѓаните и бизнисот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи