Од денеска по електронски пат ќе се добива уверение од казнена евиденција

Facebook
Twitter
Email
Print


Преку националниот портал за услуги uslugi.gov.mk од денеска граѓаните за само неколку минути ќе можат да добијат уверение од казнена евиденција. Начинот е брз, процедурата едноставна и сигурна, со што на граѓаните им се заштедува време, пари и нерви.

Ова го истакнаа премиерот Зоран Заев, министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци Лазар Нанев на денешната прес-конференција за дигитализација на е-услуга – уверение од казнена евиденција.

Набрзо, како што беше посочено на прес-конференцијата, истото ќе можат да се направи и за изводите од кривична евиденција, а се работи и на трета услуга, односно дигитално издавање на уверение дека против лице не е изречена санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност.

„Сите овие уверенија и потврди на граѓаните им се потребни за вработување, доколку сакаат да добијат виза или работа во странство. Со други зборови, тоа е доказ дека нема сторено кривично дело, не се води кривична постапка. Дополнително, доколку некое лице сака да се јави на тендер ќе мора да има ваква потврда. Поголем број странски компании во земјата бараат вакви изводи при процес за вработување на некое лице“, рече премиерот.

Тој посочи дека со приклучувањето на судовите на националниот портал за услуги, и барањата и потврдите се издаваат електронски и граѓаните повеќе немаат потреба да губат по неколку часа за да ги подигнат документите што им се потребни, туку сега ќе го добиваа соодветниот документ за три минути.

„Овие потврди се првите електронски документи создадени согласно Закон кој ќе ги издава судската власт. Со оваа активност судот започнува да ја применува регулативата на ЕУ, односно нејзината национална транспозиција со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги и со тоа се приклучи во практичната примена на Националната платформа за интероперабилност“, рече Заев.

Министерот Маричиќ другото посочи дека дигитализацијата генерално придонесува и за сузбивање на корупцијата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи