На 10 октомври (недела), со почеток од 20.30 часот, во Прилеп ќе се одржи единаесеттиот национален слем-натпревар, информираат од Poetry SLAM Macedonia. Настанот со физичко присуство ќе се одржи на летната сцена на НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, но ќе се почитуваат сите мерки за спречување на ширењето на ковид-19.
За титулата на национален победник/победничка годинава ќе се натпреваруваат: Габриела Стојаноска-Станоеска, Горазд Китановски – Кени, Дарко Гроздановски, Дафина ,,Даффне” Веселиноска, Дијана Петкова, Илијана Ѓоргиева, Ирена Јурчева, Корнелија Јосифова, Кристина Ставревска, Константин Карев, Марија Грубор, Марина Икономова Шокева, Никола Дукоски, Оливера Доцевска, Сандра Авросиевска, Софија Александар, Софија Бислимоски, Софија Тодороска, Тања Кузманоска, Тихомир Јанчовски и Цветанка Колева.
Организаторите ги покануваат сите заинтересирани граѓани да се приклучат на слем-натпреварот, да се забавуваат и заедно да го изберат идниот победник/победничка за годинава.
Традиционалниот национален слем-натпревар е во организација на „Театарска работилница“ – Прилеп и Игор Трпчески – Трпче и во коорганизација на Елена Пренџова.