Излезе една од најпрестижните листи за патување на познатото и ценето списание „Конде наст травелер“.
Со повеќе од 800.000 гласови, резултатите го потврдуваат она што многу луѓе во Хрватска веќе го знаат – Хвар е најдобриот остров во Европа. Повторно.
Зад него се грчките острови Миконос, Закинтос, португалската Мадеира и италијанската Искија.
Хвар е одлична дестинација преку целата година, особено поради топлите лета и благите зими.Хвар е најсончевиот остров во Хрватска, со повеќе од 2.800 сончеви часа годишно. Со вкупна оценка од 96,56 / 100, Хвар е избран и за шести најдобар остров во светски рамки.
Ова светски престижно списание го нагласува и богатото историско наследство на Хвар, истакнувајќи ја Тврдината Фортика како споменик на културата кој мора да се посети. Исто така, се истакнува и познатата жетва на хрватска лаванда на Хвар, која станува една од главните особености во летните месеци.
Хвар ја освои титулата најдобар европски остров и 2019 година.
Петар Разовиќ, директор на туристичкиот одбор на Хвар, е воодушевен од наградата.
„Ова е круна за нашата успешна сезона што е зад нас. Чест ни е што сме во друштво со најдобрите светски острови – ова е награда за сите туристички чинители во нашиот град и нашиот остров. Туристичките табли на островот Хвар во пост-сезоната ќе продолжат да го позиционираат нашиот остров на светската мапа на дестинации преку целата година со разновидна понуда и веруваме во понатамошен туристички раст“, вели Разовичќ.
Имаше одличен резултат и за Хрватска, која се најде на топ 10 топ дестинации во светот, со 9 -та позиција.