Голем број корисници пријавиле потешкотии во фукционирањето на Фејсбук и Инстаграм, а во некои земји овие социјални мрежи престанале да работат целосно.
Според „Даундетектор“, кој го следи статусот на некои од најпосетените веб-страници во светот, имало 36.000 пријави за проблеми со Инстаграм околу 19:30 часот по англиско време. За Фејсбук исто така има пријави за нефункционирање.
Ова е вторпат оваа недела популарните социјални мрежи да се соочуваат со проблеми во работата, откако пред само неколку дена го имаа најголемиот повеќечасовен прекин од речиси 7 часа.