Жозеп Борел: Ако ЕУ продолжи вака, земјите од Западниот Балкан ќе почнат да размислуваат за алтернатива

Facebook
Twitter
Email
Print


Високиот претставник за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел денеска изјави дека Бугарија треба да биде пофлексибилна во однос на проширувањето на ЕУ на Западен Балкан.

Бугарија е против Македонија, веќе членка на НАТО, да се приклучи на ЕУ поради спор околу јазикот.

„Мислам дека Бугарија треба да покаже поголема флексибилност за овој проблем што го блокира почетокот на преговорите“, порачува Борел.

Однсувањето на Бугарија може да ги натера земјите од регионот да почнат да размислуваат и за алтернативи.

„Бугарија, парализирајќи им го процесот на двете земји, зашто рековме дека одат во пакет, доведе до една состојба на негодување и разочараност поради недостатокот од перспектива и нешто што ние го нарекуваме згаснување на пламенот“, предупредува Борел.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи