Од 6ти до 7ми Октомври 2021 година во Атина, Грција се одржа 4-то меѓународно издание на Агро Биснис Форумот истакнувајќи ја „зелената и дигиталната транзиција на системите за храна и земјоделство“.
Пандемијата од Ковид-19 откри сериозни недостатоци во глобализираните синџири на снабдување (агро прехранбени производи) што ги поставуваат прашањата од глобализацијата до безбедноста, управувањето со ризикот и отпорноста на синџирите од фарма до трпеза.
Агро Бизнис форумот 2021 се фокусира на решавање на овие предизвици, подобрување на „зелената“ и „дигиталната“ транзиција и проценување на влијанието на климатските промени, во согласност со CAP 2021-2027 и стратегијата на Фондот за обновување на ЕУ, согласно глобалните и националните нови трендови и ограничувања, вклучително и пристапот „Едно здравје“.
За Иднината на системите за земјоделска храна со оглед на резултатите од Самитот на системи за храна на Обединетите нации 2021 година говореа Г-дин Набил Ганги, Заменик Регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и Г-ѓа Мери Кени, Офицер за безбедност на храна и заштита на потрошувачите, Регионална канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија, а свое излагање имаа претставници од Европската Комисија за земјоделство и рурален развој, претседавач на СДСН Европа и претставник од грчкиот парламент на Комитетот за заштита на животната средина.
Организацијата на жени на Обединети нации претставувана од Г-ѓа. Мерал Гузел, Менаџер за партнерство, женски акцелератор за претприемништво, UN Women и Г-ѓа. Алија Ел-Јасир Регионален директор на UN Women, претставник во Турција, Европа и Централна Азија, преку панел дискусија на која свои излагања имаа Г-ѓа. Фатма Диркеш(Претседател, Европска асоцијација за обука на банкарски и финансиски услуги, Германија), Г-дин Илија Тамарашвили Директор (Директор на Агенција за рурален развој на Грузија), Г-ѓа. Нардане Куску (Основач на Органска фарма Narkoy), Г-ѓа. Талин Акин (Претприемач, основач на Табит) и Г-ѓа. Марина Тошеска (Мрежа на ЛАГОВИ на РС Македонија) ја презентираа потребата за овозможување на претприемништвото на жените во агробизнисот за градење паметни економии.
За Заедничката Земјоделска Политика 2021-2027 и „Зелениот договор“ свое излагање имаа Г-дин Спилиос Ливанос, Министер за земјоделство, рурален развој и храна, Грција, Г-дин Јануш Војчеховски, Еврокомесар за земјоделство во ЕУ, Г-дин Никос Папатанасис, Заменик министер, Министерство за развој и инвестиции и Г-дин Хуберт Котоњи, Заменик директор на Европскиот инвестициски фонд посочувајќи на неопходноста од градење на одржливи агро-системи согласно Зелената Агенда.
Форумот е посветен на унапредување на знаењето за дигитализација и дигитална трансформација на синџирот на вредност на земјоделско-прехранбената храна од фарма до трпеза со осврт на зелената агенда, климатските промени и заштитата на животната средина, како и клучна платформа за зајакнување на иновациите и интегрирање на партнерства кон остварливи, одржливи, следливи и еластични системи за земјоделска храна во Грција и пошироко.
Над 45 говорници и панелисти претставници од влади, јавни институции, академски институции и истражувачки центри, приватни ентитети и граѓански организации ги презентираа потенцијалот, предизвиците и можностите за “зелена” и дигитална транзиција на агробизнисите и земјоделството.
Агро Бизнис форумот е успешна приказна за воспоставување на инклузивна платформа за обликување на робустен, сеопфатен и кохерентен дијалог кон остварливи, одржливи, следливи и еластични системи за замјоделска храна во Грција и во светот.