Најновите анализи на Управата за јавни приходи, врз основа на годишните даночни пријави на граѓаните покажуваат дека:
– скопјанка остварила највисок годишен приход по сите односи од Годишната даночна пријава во текот на 2020 година;
– стружанец земал највисока плата (105,2 милиони денари, во индустријата со метали);
– најмладиот милионер има само 7 години, а највозрасниот има 96 години.
Како што информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција, во 2020 година најголем број даночни пријави биле автоматски протврдени – 593.375, граѓаните потврдиле 37.294 пријави, додека 1.832 пријавиле биле корегирани.
120