26-годишниот Французин Солал Хон одлучил да го исполни долгогодишниот свој сон и да го обиколи светот пешки.
Тргнал во јуни оваа година и очекува неговото патување низ светот да трае најмалку 6 – 7 години.
Ноќите обично ги минува во својот шатор или во напуштените куќи и засолништа на патот.
Тој посочува дека е воодушевен од природните убавини на Балканот. Минал по три недели во Словенија и во Хрватска, а во БиХ е веќе 15 дена. Придружуван е од Германец што го сретнал на патот.
Неговиот Инстаграм профил е полн со слики од неговата авантура, а на интернет-страната „Tipeee“ има профил каде што се донираат пари за поддршка на неговата голема авантура.