МАНУ побара на Министерството за образование да му се забрани да прави реформи во образованието

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Првиот човек на Ману, Љупчо Коцарев, вчера го засили нападот врз Министерството за образование и наука и побара да му се одземат ингеренциите да подготвува образовни реформи.

„Предлагам да се донесе закон со кој ќе се одземат ингеренции на МОН да изготвува стратегии за развој за образование и наука, или да подготвува реформи во образовниот и научниот систем. Второ, стратегиите и реформите во синергија ќе ги подготвуваат МАНУ, универзитетите и стопанските комори. МОН ќе биде обврзан да ги имплементира така подготвените стратегии и реформи“, рече Љупчо Коцарев на одбележувањето на Денот на Македонската академија на науките и уметностите.

Коцарев повторно зборуваше за кастрафични сценарија велејќи „ако пак ја изгубиме македонската држава, нема да постои државен ентитет да се интегрира во ЕУ“. Според него, во изминатите 30 години сме биле сведоци на уништување на македонската држава.

„Оваа 2021 година одбележуваме два големи јубилеја: 30 години од независноста на Република Македонија и 100 години од раѓањето на Блаже Конески, првиот претседател на МАНУ. Двата јубилеја нè обврзуваат и кон предците и кон идните генерации, па затоа дозволете да кажам некој збор за идните очекувања. Ако во изминатите 30 години бевме сведоци на ерозија и на уништување на македонската држава, вклучувајќи ги тука науката, уметноста, културата, образованието, здравството, судството, економијата, јавната администрација, македонската мисла и интелигенција, или кажано со еден збор: СЀ, тогаш неминовно се наметнува прашањето: како понатаму? Ако секоја досегашна влада нудеше сè понови и сè поиновативни пристапи во разнебитувањето на македонската држава, зарем не е време да се каже: вака повеќе не може?! Ако, и наредната влада (од која било провениенција) продолжи со деструктивни и коруптивни политики, а, за жал, малку надеж има дека таквата тенденција ќе прекине, ако трендот е навистина јасен и впечатлив – тогаш, треба да се соочиме со реалноста и со предизвиците на држава што неумоливо тоне. Ние како членови на највисоката научна и уметничка институција во државава не можеме да бидеме неми сведоци на ваквите тенденции, да не предупредуваме и да не нудиме решенија и визии“, вели Коцарев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи