Жена која неодамна се породи во возило на трамвајската станица во близина на катедралата во Сараево, како и нејзината новородена ќерка, ќе добијат доживотни билети за јавен превоз.
Мајката на родилката на Фејсбук објавила дека породувањето се случило толку брзо што нејзината ќерка и зет не можеле да стигнат до болницата, пренесува порталот „Кликс“. Според мајката, министерот за транспорт на кантонот Сараево, Аднан Штета, на мајката и на новороденото бебе им подарил доживотни билети за градскиот превоз.