Маричиќ: Граѓаните веќе почнаа електронски да вадат потврди од казнена евиденција

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за правда Бојан Маричиќ изјави дека услугата електронско вадење на потврди од казнена евиденција одлично функционира во пракса и граѓаните веќе ја користат услугата.

„Според информациите граѓаните веќе ја користат оваа услуга и системот одлично функционира. Граѓаните електронски, на модерен начин ги вадат овие потврди, односно потврдите за неосудуваност. Се работи за целосно нов систем, но важно е дека се се одвива во најдобар ред“, изјави Маричиќ.

Оваа услуга е само една по неколкуте кои целосно ќе се дигитализираат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи