ВИДЕО – Проданоски: Прилеп секогаш бил предвесник на промените, победата започнува тука, на утрешниот митинг сите да кажеме ДОСТА Е

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Почитувани сограѓани, драги прилепчани и жители на населените места, ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам на  големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата што ќе се одржи во понделник, на 11-ти октомври со почеток во 19:30 часот на плоштад Методија Андонов Ченто. Не случајно е одбран овој голем ден! Прилеп низ историјата се покажал како град, предвесник на промените. Така ќе биде и овој пат, победата започнува од тука! Истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, носител на листа за советници за Прилеп, од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

„Денес, се наоѓаме во едно исклучително значајно време, кога треба да направиме избор во која насока ќе се движи нашиот град. Дали тоа ќе биде Прилеп кој уназадува во сите области како во изминатите 4 години, или ќе биде економски силен Прилеп, со многу реализирани проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот за сите граѓани без исклучок!

Токму затоа ги повикуваме сите членови, симпатизери и неопределени кои се уште размислуваат за кого да го дадат свој глас, да присуствуваат на големиот митинг на кој заедно со кандидатот за градоначалник д-р Борче Јовчески, ќе ја презентираме досега најквалитетната и најдобрата програма што ќе значи подобра иднина за Прилеп и прилепчани.

Вашата поддршка ќе значи подобра иднина за младите, подобри услови за учениците во основните и средните училишта, изградба нови патишта и улици, нови парковски површини, нови капитални проекти со кои ќе го вратиме сјајот на нашиот град.

На овој митинг, сите заедно ќе испратиме гласна порака како до централната, така и до локалната власт. ДОСТА Е! На народот му е доста од лажни ветувања, на народот му е доста од нереални проекти и од ликови на кои одамна требаше да им заврши политичката кариера.

Сите заедно во понеделник, мирно и достоинствено да дадеме поддршка за стабилен и економски Прилеп! Да покажеме дека изборот е број 7, број 7 за д-р Борче Јовчески, број 7 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, број 7 за подобар Прилеп!“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи