Левица Прилеп: Димитар Апасиев и Борислав Крмов – Трибина за презентација на локалната програма

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Локалниот Огранок на Левица – Прилеп организира средба со прилепчани, со цел презентација на советничката листа и програмата со која Левица ќе настапи на претстојните локални избори во Прилеп.

Настанот ќе се одржи утре, 11 октомври во 20 часот во влезот на катната гаража кај старата автобуска станица, пред канцеларијата на Левица.

„На оваа средба ќе присуствуваат Претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов со членови на Президиум.

На оваа трибина ќе се дискутира за постоечките проблеми во општината, секојдневните предизвици со кои се соочуваат прилепчани како и понудените решенија за кои се залагаат советниците предложени од Левица“, стои во соопштението од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи