Експерименталниот лек на компанијата Астра Зенека, коктел од антитела против коронавирусот, успешно спречува тешки форми на инфекција и смрт кај хоспитализирани пациенти, покажаа резултатите од студијата во завршна фаза, објавени денеска од оваа британска компанија.
Лекот, наречен AZD7442, го намалува ризикот од развој на тешки форми на инфекција и смрт кај 50 проценти од пациентите со симптоми на ковид-19 за седум дена или помалку, пренесува Ројтерс.
„Раната интервенција на антитела може значително да ја намали прогресијата на тешките форми на болеста, со континуирана заштита повеќе од шест месеци“, потврди Мене Пангалос, извршен потпретседател за биофармацевтски производи, истражување и развој во Астра Зенека.
Астра Зенека, исто така, развива коктел од лекови за третман на пациенти кои немаат доволно силен имунолошки одговор, а се вакцинирани против коронавирусот, а минатата недела поднесе барање за итна употреба до Американската администрација за храна и лекови.