Честит и вековит да е 11 октомври, денот на народното востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Истакна денеска во Прилеп, на Паркот на Револуцијата, кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Борче Јовчески.
„Цели 80 години поминаа од денот кога пукна првата пушка во Прилеп за ослободување и независност на оваа Македонија. Прилеп даде многу жртви за да се создаде слободна Македонија. Наша обврска е да ја чуваме, градиме и надградиме, наша обврска е да се бориме и да ја направиме економски посилна.
После 17 октомври почнуваме со промени, почнуваме со борба за проекти, остварување на нови визии. Воедно, на 17 октомври ве повикуваме да излезете и да се појавите на денот на гласање.
Оваа прилика ја користам и да ве поканам во 19 часот и 30 минути да дојдете на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, каде што ќе слушнете добар дел од нашите проекти“, истакна Јовчески.
112