Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор, откако Апелацискиот суд му ја одби поднесената жалба за замена на затворскиот со домашен притвор. Адвокатите се незадоволни што не се прифаќа понудената кауција и се загрижени за неговото здравје.
Камчев останува во истражниот затвор „Скопје”. Ваквата одлука е донесена на 8 октомври, по барање на Обвинителството да се продолжи неговиот притвор за уште 30 дена.
Притворот му е одреден за случајот „Плацевите на Водно”.
Во истрагата за „Плацовите на Водно“, покрај Камчев, осомничени се и експремиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков, кумот на Груевски, Ристо Новачевски, мајката на Камчев, Ратка Камчева. Предметот се однесува на тоа дека со пари од членарина и партиски донации за ВМРО-ДПМНЕ биле купувани атрактивни плацови на Водно. Станува збор за земјиште од 11 000 квадратни метри и сума од 1,3 милиони евра.