ВИДЕО – Јовчески: Продолжуваат заканите и нападите по мене и моето семејство, случајот денеска го пријавив во ОЈО


Ви благодарам од срце за поддршката која вчера вечер ми ја дадовте мене и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на големиот народен митинг. Вчера вечер сите заедно покажавме дека во Прилеп после 17-ти Октомври ќе се случат промени и Прилеп конечно ќе почне да се развива и гради онака како што  му доликува. Истакна денеска кандидатот за градоначалник за Прилеп на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата, Борче  Јовчески.

„Сакам да ја информирам целата јавност дека во текот на вчерашниот ден, заканите и нападите по моето семејатво продолжија. Денес, речиси до 16 часот  бев во просториите на ОЈО Прилеп каде дадов изјава, доказни материјали, меѓу кои и тие од вчерашниот ден!

Ги повикувам СДСМ да престанат да ја замајуваат јавноста со моето непојавување на ТВ дебати.

Стратегијата која што ја направиле со цел да ми го одвлекуваат вниманието и да ми го губат времето со тоа што по цели денови ќе поминувам во полиција или ОЈО им е погрешна. И напротив уште повеќе ме мотивираат да работам и да  победам!

Мојот став по однос на ова прашање е непроменет и така ќе остане се додека надлежните институции, раководени од кадри на СДСМ не ги преземат соодветните мерки кон насилниците. Ако ова денес мене и на моето семејство би се случува, утре може истото да му се случува и на некој друг!

И повторно ќе порачам! Дебатата ќе се случи во недела, на 17-ти Октомври. Во недела јас и моите прилепчани,заедно за подобро утре на сите ќе ја извојуваме најголемата победа!“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи