За Европската Комисија бугарските пасоши за македонски граѓани не се проблем

Facebook
Twitter
Email
Print


За Европската Комисија издавањето бугарски пасоши за Македонци е внатрешна работа во која таа не се меша, јави дописничката на МИА од Брисел.

Додека Европската Комисија стои на ставот дека ниедна земја членка не смее да се меша во внатрешната политика на други земји, членки на ЕУ или не, таа нема став за механизмот на издавање бугарски пасоши за Македонци.

Европската Комисија има регулации единствено поврзани за издавање државјанство на инвеститори кои немаат вистинска поврзаност со државата од која добиваат пасош. Ова се однесува на случаи како Кипар каде бројни руски бизнисмени добиваат кипарско државјанство, а со тоа стануваат и државјани на ЕУ со право на слободно движење, единствено врз основа на скапи инвестиции во земјата.

„Согласно ЕУ законите се бара, на пример, државјанството да не биде „продадено“, што значи да не се доделува преку етаблирање и управување со инвеститорски шеми за државјанство кои систематски водат до натурализација во замена со предодредени исплаќања и инвестиции – без вистинска поврзаност со земјата“, велат од ЕК.

Земјите членки на ЕУ, велат од Европската Комисија, имаат свои внатрешни правила за доделување државјанство на граѓани од трети земји доколку тие исполнуваат одредени услови на интеграција и можат да докажат автентична врска со земјата во која добиле државјанство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи