Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во врска со избор на идејно решение за театар во Прилеп.
Ова беше соопштено на денешната пресконференција, на кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Марјан Костадиноски.
„Центарот за Култура Марко Цепенков и Тетарот Војдан Чернодрински како составен дел од него се во директна надлежност на Министерството за култура и ако некој бил надлежен и требало да распишува конкурс за идејно решение, тоа е министерството за култура.
Обвинителството ќе треба да се позанимава со наводите во кривичната пријава и целосната доставена документација од наша страна.
Илија Јованоски во меѓувреме нека одговори пред јавноста во кое својство донел одлука за распишување на Конкурс за избор на идејно решение како посебна постапка со доделување на награди за Театар на дел од дом на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ако се има предвид горенаведата надлежност по однос на ова прашање? Во кое својство донел одлука за избор на идејно решение како и Доделување на награди по Конкурс бр.2-2018 за Конкурс за идејно решение за театар на дел од домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп?
Во врска со овој конкурс, доделени се парични награди и тоа за првонаградените во висина од 100.000 денари, а за второнаградените 60.000 денари, пари од граѓаните. Тоа што подоцна се изведувани некакви правни гимнастики со ова идејно решение, ќе си го доиспитаат надлежните органи.
Со ова се потврдува уште една работа, дека во предизборната кампања Илија Јованоски свесно ги лажеше прилепчани за нов театар во Прилеп.
Почитувани, после победата на 17 октомври, на д-р Борче Јовчески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, следува ревизија на сработеното и одговорност за секој еден кој се огрешил пред законот. Граѓаните ќе знаат точно каде завршил секој еден нивни денар. Ќе има правда, ќе има одговорност“, вели Костадиноски.
Почитувани,
Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во врска со избор на идејно решение за театар во Прилеп.
Центарот за Култура Марко Цепенков и Тетарот Војдан Чернодрински како составен дел од него се во директна надлежност на Министерството за култура и ако некој бил надлежен и требало да распишува конкурс за идејно решение, тоа е министерството за култура.
Обвинителството ќе треба да се позанимава со наводите во кривичната пријава и целосната доставена документација од наша страна.
Илија Јованоски во меѓувреме нека одговори пред јавноста во кое својство донел одлука за распишување на Конкурс за избор на идејно решение како посебна постапка со доделување на награди за Театар на дел од дом на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ако се има предвид горенаведата надлежност по однос на ова прашање? Во кое својство донел одлука за избор на идејно решение како и Доделување на награди по Конкурс бр.2-2018 за Конкурс за идејно решение за театар на дел од домот на култура „Марко Цепенков“ во Прилеп?Во врска со овој конкурс, доделени се парични награди и тоа за првонаградените во висина од 100.000 денари, а за второнаградените 60.000 денари, пари од граѓаните. Тоа што подоцна се изведувани некакви правни гимнастики со ова идејно решение, ќе си го доиспитаат надлежните органи.
Со ова се потврдува уште една работа, дека во предизборната кампања Илија Јованоски свесно ги лажеше прилепчани за нов театар во Прилеп.
Почитувани, после победата на 17 октомври, на д-р Борче Јовчески и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, следува ревизија на сработеното и одговорност за секој еден кој се огрешил пред законот. Граѓаните ќе знаат точно каде завршил секој еден нивни денар. Ќе има правда, ќе има одговорност!
Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Tuesday, 12 October 2021