Тажна вест ја погоди македонската спортска јавност. Утрово на 38-годишна возраст од непознати причини почина Јулија Портјанко, поранешната ракометарка на Кометал Ѓ. Петров и Македонија.
Таа во 2003 година пристигна во Кометал Ѓорче Петров и шест години настапуваше за тимот кој доминираше во македонскиот женски ракомет. Потоа го носеше дресот за Ушкудр, Арвор и Звезда Звенигород, за во 2013 година повторно да се врати во Македонија.
Оваа ракометарка доби македонско државјанство и настапуваше за македонската ракометна репрезентација, а последно го облече националниот дрес на ЕП во 2012 година.