Стеваноски: Проектот од СДСМ „Проект 72“ е нереален


Независниот кандидат за градоначалник на Прилеп, Жаре Стеваноски преку Фејсбук статус со реакција за еден од клучните проекти во програмата на СДСМ „Проект 72“ кој денеска беше промовиран од кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ, Горан Сугарески.

„Денешниот клучен проект во програмата на СДСМ е „Проект 72“, дигитална апликација која ќе се состоела од платформа, раководена од еден административен оддел во општината кој ќе врши распределба на бараните услуги до градоначалникот, советниците и општинската администрација. Платформата ветува решавање на барањата на граѓаните во рок од 72 часа по поднесувањето.

Дечките од СДСМ кои работат во општинската администрација нека им кажат на проект-промоторите дека ЗОУП предвидел законски рок за постапување не подолг од 30 денови од поднесување на барањето и ветувањето за решавање на барањата на граѓаните во рок од 72 часа е невозможно.

Штета е што поради вакви нереални и далеку од здравиот разум ветувања, од избори до избори луѓето се се поразочарани од поимот власт и политика.

Заозбилете се малку и аман во иднина немојте да извртувате украдени идеи затоа што тие не палат на туркање, ами за тоа треба клуч кој Вие очигледно го немате“, пишува Стеваноски.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи