Транснационален состанок во Виена, Австрија во рамките на проектот „Европско движење на експерти за ран детски развој (EECEME)“


На 11ти и 12и Октомври 2021 во Виена, Австрија се одржа првиот транснационален состанок во рамките на проектот „Европско движење на експерти за ран детски развој” кој се имплементира со поддршка на Европската Комисија.

7 институции/институти/организации – Centro sportive italiano Comitato Di Feltre ,Scuola Centrale Formazione, Iasis Amke Athens, Solidaridad Sin Fronteras, Kreissportbund Rhein-Erfte. V. BEST, BEST Institut für berufsbezogene Weiterbildung и Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во наредните 24 месеци ќе ги споделат добрите практики за спортски активности кај децата од предучилишна возраст во Австрија, Германија, Грција, Италија, С. Македонија и Шпанија, и ќе креираат програма за едукатори за деца, која ќе овозможи правилен развој на децата и стекнување на здрави животни навики од најмала возраст.

Домаќин на транснационалниот состанок е австриската организација BEST – Институт за стручно континуирано образование и обука, кој е приватен институт со над 25 години успешна реализација на програми за образование и обука.

На транснационалниот состанок беа презентирани резултатите од истражувањето спроведено во државите на партнер-организациите запостоечките спортски активности за деца на возраст од 1-6 години, и преку дискусија беа идентификувани клучните чекори за креирање на програма за интернационален тренинг за едукатори за деца, кој ќе се одржи наредната година во Рим, Италија под водство на експерти од организацијата – Centro Sportivo Italiano, најстарата национална институција за спорт на територијата на Италија, основана во 1944 година.

За повеќе информации за проектот посетете ја веб страната www.eeceme-project.eu.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи