По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, вчера во Кристалната сала на Собранието на Република Македонија, беше доделена државната награда „11 Октомври“.
Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката и образованието наградата ја додели на филологот проф. д-р Атанас Вангелов.
Во областа на културата и уметноста наградата беше доделена на академскиот сликар Павле Кузмановски, актерката Бедиа Бегова и политикологот Махим Несими.
На конкурсот се пријавија околу 30-тина творци од сите области на живеењето.
Државната награда „11 Октомври“ за првпат е доделена во 1959 година и таа е највисока награда за животно дело што се доделува во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес. Во една година можат да се доделат најмногу пет награди.