ФФМ ја чека казна, навивач со ласер му светеше на Кимих

Facebook
Twitter
Email
Print


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), веројатно, ќе добие парична казна поради неодговорен навивач.

Македонија загуби од Германија 0:4 во квалификациите за Светското првенство. Во 18. минута од оваа средба навивач од трибините се обиде со ласер да му попречи на Џошуа Кимих да го изведе корнерот. Германскиот репрезентативец на протестираше напротив, без проблем го изведе ударот.

Делегатот го нотира овој инцидент, па сега ФФМ се соочува со парична казна од неколку десетици илјади швајцарски франци.

Познато е дека УЕФА ги казнува ваквите инциденти, а последна казна за ист случај беше 30.000 евра.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи