Познатата статуа на Христос спасителот, што се издига над Рио де Жанеиро вчера ја одбележа својата 90-годишнина со миса, песна, самба и бразилски традиционални напивки.
„Ние кариоките, жители на Рио, обично гледаме кон Христа, кој често се крие зад облаците, но знаеме дека е таму!, кажа архиепископот Орани Темпешта на мисата на која присуствуваше и градоначалникот Едуардо Паеш. „Пандемијата сѐ уште трае, но ние сме оптимисти покрај вакцинацијата. Минатогодишните темни облаци исчезнуваат“, додаде свештеникот.
Пред појавата на Ковид-19, статуата висока 38 метри, поставена на ридот Корковадо, ја посетувале околу 2 милиони посетители годишно.
Статутата е прогласена за историски споменик во 1973 година, а 2007 година беше рангирана меѓу Седумте чуда на современиот свет.