ВИДЕО – Ристеска: Градиме Дневен центар за деца со аутизам, Прилеп ќе биде целосно инклузивна средина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Остануваме цврсто посветени на изградбата на системот на еднакво општество за сите, во кое различностите ќе не’ обединуваат и нема да не’ делат, изјави на денешната прес конференција Анита Ристеска, кандидат за советник од СДСМ и Коалицијата.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Со формирањето на Дневниот центар за лица со церебрална парализа, на најдобар можен начин покажавме дека водиме подеднаква грижа за сите категории на граѓани.

Нашата посветеност кон обезбедувањето на инклузивен третман и подобри социјални услуги на лицата со посебни потреби, ја потврдуваме со проектот за изградба на Дневен центар за деца со аутизам.

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, руинираните бараки кои се наоѓаат во непосредна близина на Дневниот центар за лица со церебрална парализа, ќе прераснат во нов Дневен центар за деца со аутизам.

Дневниот центар за аутизам ќе овозможи квалитетна грижа, индивидуален дефектолошки третман, рехабилитација и психосоцијална поддршка на децата со аутизам и на нивните семејства.

Во Центарот за аутизам ќе работи стручен тим, составен од врвни професионалци кои ќе обезбедат соодветна медицинска грижа, индивидуален третман за поттикнување на когнитивниот и социјалниот развој, на говорот и процесот на учење.

Исто така, стручниот тим континуирано ќе пружа стручно-консултативна помош и поддршка на родителите на децата со аутизам, а ќе нуди и едукација за програми кои родителите ќе можат да ги спроведат во домашни услови.

Почитувани, со цврста и одлучна заложба на секој од нас, општина Прилеп може да прерасне во целосно инклузивна средина, во која сите ќе се чувствуваат еднакви.

Граѓаните препознаваат дека ја движиме општината напред и го нудиме најдоброто за сите.

Затоа, на денот на изборите, граѓаните масовно ќе го заокружат бројот 12. Ќе го изберат најдоброто за нив, за нивните деца, за нивните семејства, за нашата општина“, изјави Ристеска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи