Влада: Заврши привремениот престој во земјава за група граѓани од Авганистан

Facebook
Twitter
Email
Print


Група од 10 граѓани од Авганистан кои привремено беа згрижени во Македонија, замина синоќа од Меѓународниот аеродром Скопје.

Прибежиште им обезбеди Француската Република, додека чекаат да им се признае правото на азил, како дел од операцијата за помош на граѓани кои работеле за демократските институции и меѓународни организации во Авганистан, а се под закана на новиот талибански режим во земјата.

Македонија учествува во меѓународната хуманитарна мисија со тоа што до сега обезбеди привремен престој за 484 граѓани од Авганистан, вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, преведувачи, студенти и стипендисти.

За периодот на престој во земјава им се обезбедува сместување во објекти во Скопје, здравствена заштита и психосоцијална поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи