За локалните избори акредитирани 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи

Facebook
Twitter
Email
Print


За Локалните избори 2021 што ќе се одржат во недела акредитирани се вкупно 1045 домашни и странски набљудувачи и преведувачи. Според податоците од Државната изборна комисија, изборите ќе ги мониторираат 714 домашни набљудувачи. Акредитирани се 512 набљудувачи од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 Скопје, 190 набљудувачи од Здружението ЦИВИЛ – Центар за слобода Скопје, како и 12 набљудувачи од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје.

Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 217 набљудувачи, Американската амбасада 15, Британската амбасада Скопје 7, Амбасадите на Франција и на Унгарија по 6, ИФЕС и амбасадата на Албанија по 5, амбасадите на Русија, Холандија и Италија по 4, амбасадите на Чешка и Хрватска, и Централната изборна комисија на БиХ по 3 набљудувачи, амбасадите на Грција, Бугарија и на Шпанија по двајца и амбасадата на Белгија еден.

Според Роковникот на ДИК, акредитацијата на набљудувачите за овие избори заврши на 6 октомври.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи