Изборните комисии денеска ќе го добијат доверливиот гласачки материјал

Facebook
Twitter
Email
Print


Државната изборна комисија (ДИК) денеска од печатницата „Киро Дандаро” во Битола ќе започне со дистрибуција и доставување на доверливиот избирачки материјал до 80-те општински изборни комисии и Општинската изборна комисија на Град Скопје за локалните избори што ќе се одржат во недела.

Во битолската печатница „Киро Дандаро“ отпечатени се околу 4,5 милиони ливчиња и материјал што го придружува избирачкиот материјал за реализација на изборите, истакна Драги Милошевски, генерален менаџер на печатницата.

Во доверливиот избирачки материјал спаѓаат гласачките ливчиња и посебните изводи од избирачките списоци и тие со обезбедување од полицијата, ќе се дистрибуираат до сите општински изборни комисии. Во доверлив избирачки материјал спаѓаат и уредите за биометриска идентификација, кои полни со податоци и отпечатоци од прсти на граѓаните, во петок, исто така со придружба и обезбедување на полицијата, ДИК ќе ги достави во општинските изборни комисии. Првпат на овие избори полицијата постојано ќе го обезбедува доверливиот избирачки материјал.

Недоверливиот избирачки материјал веќе се дистрибуира до ОИК, а до петок треба да завршат дополнителните обуки за претседателите и замениците на избирачките одбори за користење на апаратите за отпечаток од прст, кои ќе управуваат со овие уреди.

Локалните избори ќе се одржат во недела на 17 октомври на 3480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи