Израелски нуркач откри древен меч во близина на Средоземното крајбрежје на земјата, за кој експертите веруваат дека датира од времето на крстоносците. Се смета дека оружјето е старо околу 900 години.
Овој дел од брегот има многу природни заливи каде што, низ вековите, бродовите се засолнувале од бури, а понекогаш и оставале остатоци од археолошко богатство, вели Коби Шарвит, директор на морската археолошка единица на Израелската управа за антиквитети.
„Мечот, кој е сочуван во совршена состојба, е прекрасно и ретко откритие и очигледно му припаѓал на витез од крстоносците“, се вели во соопштението Нир Дистелфелд, инспектор на единицата за спречување грабежи на Израелската управа за антиквитети.
„Возбудливо е да се сретнеш со таков личен предмет, кој те носи 900 години наназад во друга ера, со витези, оклоп и мечеви“, додава Дистелфелд.
Крстоносните војни почнале во 1095 година и траеле со векови, а целта на европските христијани била да ја преземат контролата врз Ерусалим и други делови од Светата земја.