Фејсбук, планира да ја ребрендира компанијата под ново име следната недела, објави во вторникот веб -страницата „Verge“, повикувајќи се на извор кој има директни информации.
Основачот и извршен директор Марк Закерберг се очекува официјално следната недела, на годишната конференција на компанијата, да објави што точно планира да направи.
Според Гардијан, овој потег ќе биде сличен на оној кога „Гугл“ го смени името на матичната компанија во „Алфабет“, ребрендирањето најверојатно ќе го позиционира „Фејсбук“ како клучна компанија со бројни апликации во својата структура, како што се Инстаграм, Ватсап, Oкулус и други.