Државниот завод за ревизија денеска соопшти дека согласно законот донел Одлука за запирање на исплатата на средствата кои се исплаќаат од Буџетот за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања за учесниците во изборната кампања за локалните избори.
„Предлогот се однесува на оние учесници во изборната кампања кои до Државниот завод за ревизија го немаат доставено во законски пропишаниот рок или не го доставиле со пропишана содржина Извештајот со образецот за примените донации“, стои во соопштението од ДЗР.
Предлогот, како што се наведува, содржи податоци и информации за непостапување согласно законските обврски за 84 од вкупно 122 учесници во изборната кампања, од кои 64 не го доставиле извештајот во законски пропишаниот рок, а 20 учесници не го доставиле со законски пропишана содржина.