Ако се сметате себеси за љубители на чоколадото, а сепак се чувствувате лошо поради вашата нездрава навика, имаме добри вести за вас! Темното чоколадо со висок процент на какао се смета за дел од здравата исхрана.
Руски експерти препорачуваат да се консумира половина темно чоколадо секој ден, но поделотворно е тоа да го правиме дење, оти тоа е висококалоричен производ што не прави поенергични и попродуктивни, сметаат докторите.
Зошто е добро да јадете темно чоколадо?
- Темното чоколадо не само што има одличен вкус, туку и содржи триптофан. Триптофан е аминокиселина што му помага на мозокот да произведува серотонин, невротрансмитер што го подобрува расположението.
- Чоколадо од 100 грама со 70-85% какао содржи 11 грама влакна. Растворливите влакна го одржуваат холестеролот на ниско ниво, заситуваат и добри се за здравјето на дигестивниот систем.
- Темното чоколадо ги подобрува мозочните функции и ја спречува појавата на деменција. Едно истражување кое траело 4 децении покажало дека луѓето кои почесто јаделе чоколадо, имале подобри резултати на тестовите што ја испитувале работата на мозокот.
- Темното чоколадо е добро за срцето. Според едно истражување, ако јадете темно чоколадо 5 или повеќе пати неделно, ќе го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести за 57%.
- Флавоноидите се растителни антиоксиданси што можат да се најдат во какаото и се една од главните причини зошто темното чоколадо е толку здраво. Овие антиоксиданси не само што го намалуваат крвниот притисок и холестерол, туку и го одржуваат здравјето на крвните садови.
- Темното чоколадо ќе ви помогне да ја заштитите кожата од изгореници од сонце благодарение на антиоксидансите што ги содржи познати како фенол и катехин.
- Докажано е дека темното чоколадо го намалува нивото на стрес хормони, што можеби ја објаснува причината зошто имате потреба од благи работи кога сте под стрес.