Времето денеска наутро по одделни котлини и речни долини ќе биде со појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 4 °C до 19 °C.