ВИДЕО – Ковачки: Нови докази дека полицијата во Прилеп е ставана во партиски цели


Злосторничката група на полицајци на Заев и Спасовски изрекувала измислени казни, принудни запирања, и правеле списоци за гласање за СДСМ. Денес повторно продолжуваме со нови скандалозни сознанија поради кои отворено се сомневаме дека била раководена од министерот Спасовски, изјави на денешната прес конференција Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Кире Китаноски кој е човек на Оливер Лукарески, советникот на Оливер Спасовски, а на кој подреден му бил командирот на ОВР Прилеп на ден по изборите на 17 октомври до припадниците во групата, извршители на политички притисоци напишал “една битка е изгубена, ама војната не е изгубена”, “ние како постари стоиме зад вас за се што треба и понатаму”, “централната власт е наша”.

Воедно во истата група припадник на МВР повикува за отворање на штаб на СДСМ.

Имаме отворено сомневање дека истата структура на злосторничко здружување на партизирани полицајци е пресликана и во Битола, Радовиш, и Охрид.

Еве ги деталите од новите сознанија:

Кире Китаноски кој е човек на Оливер Лукарески, советникот на Оливер Спасовски пишува,

– Добар ви ден дечки, ај како постар да ви кажам нешто, една битка е изгубена, ама војната не е изгубена, главата горе, бидете по мотивирани, покажете сплотеност меѓу вас, поголема дружба, соработка, сеуште сте на власт и ќе останите, локалната нема врска со вашите позиции, ние како постари стоиме зад вас за се што треба и понатаму, продолжете храбро, гордо и вчерашниот ден да ви биди поголем мотив, дадовте се од себе и јас лично сум горд на сите вас! Одиме понатаму!!!!

Од оваа порака станува сосема јасно дека тој е директно надреден на групата, а тој му одговара само на Оливер Лукароски. Второ дека станува збор за свесно ставање на полицијата во партиски цели, и ветување за позиции во рамки на полицијата, што се гледа од делот каде вели дека нивните позиции остануваат и покрај смена на локалната власт.

Трето Китаноски вели дека злосторничката група продолжува да функционира и по изборите и дека истата ќе продолжи со истите методи на делување, што се чита од делот дека битката е изгубена, а војната не.

Во вториот допис испратен од Емилија Велковска, началник на НККР кој го објавуваме стои покана до полицајците за посета на промотивниот штаб на СДСМ – Денес во 18:00 часот е отворањето на централниот промотивен штаб на градскиот плоштад ( истиот од лани, до пицерија Уно ). Се гледаме во 18:00 часот.

Го повикувам ЈО да не чека, да ги викне Кире Китаноски, шофер на Оливер Лукароски, Дарко Цуцулоски, командир на ОВР Прилеп, Емилија Велковска началник на НККР, Трајан Комиција – Командир, Стефан – гранична, Давор Паскоски – БПС, Мелита – ПС, Невенче – администратор, Коста Талески – ПС во дежурна, Венко Илиески – БПС, Валентин Димоски – БПС, Жарко Цуцулоски – БПС, Андреј Дукоски – БПС, Стефан Кучкарот – БПС, Борче Црнески – БПС, Ванеса Колашинац – Заменик командир на ОВР Прилеп, Анастас Паризо – БПС , Игор Божиноски – БПС, Марјан Мачорот – БПС, да земе изјави од сите нив, да ги земе нивните телефони и да изврши вештачење на истите. Тоа мора да биде направено веднаш.

Во спротивно постои основано сомнение дека ваквата група може да продолжи со своите криминогени активности.

Од досега објавеното гледаме дека оваа група била користена за разни активности против ВМРО-ДПМНЕ, против граѓаните, слободните избори и нормалното функционирање во изборен процес.

Затоа Спасовски и Заев треба да кажат и дали зад нападот на новинарската екипа во Прилеп стои и е под закрилата на насилниците од злосторничката група полицијци на Заев и Спасовски? Вистината ќе излезе на виделина.

Според наши сознанија, кои доаѓаат од терен, а се сведоштва на лица инволвирани во вакви активности, кои не сакаат повеќе да и служат на злосторничката група, вакви групи има и во Охрид, Битола и Радовиш.

Јавно ги предупредуваме злосторничките групи од Охрид, Битола и Радовиш, да не се осмелуваат да шиканираат, малтретираат или тепаат граѓаните. Ве знаеме и сите до еден ќе одговарате за секоја нерегуларност и криминал“, изјави Ковачки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи