Бројот на реинфицирани во Македонија во периодот од 18 до 24 октомври изнесува 36 пациенти, што е зголемување од 5,9% во однос на претходната недела.
Според извештајот на Институтот за јавно здрвје пријавени се 79 смртни случаи во 19 градови, најголем дел од нив се од Скопје (29).
Најголем број 88,6% од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години. Регистрирани се четворица починати лица и кај возрасната група од 40-49 години.
Во текот на мината недела регистрирани сe 2.704 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, што е зголемување од 22,6% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=723, 26,7%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=114; 4,2%). Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 0-9 години 72,7% повеќе во однос на претходната недела.