Ви благодарам на поддршката што ми ја дадовте, ветувам дека наредните 4 години ќе ги остварам сите проекти кои што беа во нашата програма, истакна на денешното примопредавање на функцијата градоначалник на Прилеп, Борче Јовчески.
„Тоа значи дека вратата ќе биде ширум отворена за секој граѓанин, им благодарам на секој сограѓанин, на секој жител на населените места, кои што имаат свои проблеми и во најбрзо време ќе бидат решени и конечно Прилеп ќе го добие она што го заслужува во наредниве 4 години“, рече Јовчески.