Претпладнево ДИК едногласно го укина вчерашното упатство за важечки и неважечки ливчиња.
Предложената измена, која сега е поништена, предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен пропуст од страна на избирачкиот одбор. Во оваа ситуација, за важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат.
Сега потенцираат дека ставањето печат на секое гласачко ливче е задолжително и дека непочитувањето на овој дел од Изборниот законик ќе се гони кривично, иако вчера издадоа упатство дека и ливчињата без печат во вториот круг ќе се сметаат за важечки.
Се нагласува дека избирачките одбори треба доследно да ја почитуваат одредбата од член 109 став (2) од Изборниот законик и задолжително да стават печат на гласачкото ливче на местото предвидено за печат. Секој пропуст во овој дел ќе се третира како пропуст во постапката и доколку се утврди несоодветно работење на Избирачкиот одбор односно непочитување на било кој дел од постапката, а особено на член 109 став (2) од Изборниот законик ќе биде предмет на покренување на кривична постапка.
Членовите на ДИК признаваат дека промената на ставот ја направиле под притисок на јавноста, но тврдат дека одговорноста треба да се бара не кај нив туку во Управниот суд.