За да има наша поддршка за Македонија, бугарското малцинство мора да биде внесено во Уставот на Македонија, рече поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со претставници на бугарските организации во Македонија.
„Македонија нема поблизок пријател од Бугарија. Треба да најдеме начин да ги поправиме нашите односи“, додаде тој.
Претставниците на бугарските организации побараа од Борисов да се решат прашањата за човековите права и велат дека имаат право да бидат бугарофили, но нагласуваат дека во Македонија се третирани како да не постојат.