Во пред изборната кампања ние ветуваме дека ќе работиме согласно сите законски прописи и согласно статутот и деловникот за работа. За ова да биде вака на наредна седница мора да донесеме одлука дека седниците на Советот во иднина бисе пренесувале на некој медиум или би биле јавни односно испочитувана јавноста. Ова денеска го изјави претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по завршувањето на втората седница на ова тело.
„Денеска имавме присутни гости иако до крај не беше испочитуван деловникот. Јас како претседател на Совет, поради тоа ветување кое го имавме дозволив присутните да бидат гости на седницата, но во иднина барам почитување на основните правила , односно деловникот за работа на Советот, присуството да биде најавено до службите на Советот на Општина Прилеп и нема да има никаков проблем. Односно ја задржуваме таа клаузула која сме ја ветиле пред граѓаните дека навистина седниците на Советот ќе бидат на достап на јавноста“, рече Проданоски.