ВИДЕО – Формирани сите работни тела на Советот на Општина Прилеп


Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа својата втора седница на која се формираа комисиите, работните тела кои функционираат согласно Советот на Општина Прилеп.

„За 2 дена не очекува одбележувањето на Ослободувањето на Прилеп, а за да се случи тоа беспрекорно, односно Советот да функционира согласно статутот и деловникот за работа мораше да биде прво формирана Комисијата за одбележување на значајни настани, поради тоа што мораше да се измени и дополни одлуката која што беше донесена од Комисијата составена од советници од претходниот состав на Советот на Општина Прилеп, донесена на 14 октомври. Бидејќи мандатите на тие советници веќе не важат оваа одлука мора да биде потврдена, изменета и дополнета од советниците од нивовиот состав на Советот, односно од новата Комисијата за одбележување на значајни настани. И во таа насока беше закажана оваа седница на која се расправаше на 13 точки. Се донесоа решенија за формирање на сите работни тела кои функционираат во рамки на Советот на Општина Прилеп и кои се во состав на локалната самоуправа“, истакна Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп.

Ова се точките по кои се разговараше на денешната седница:

  • Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Прилеп.
  • Предлог-Решение за избор на Комисија за одбележување значајни настани, личности и празници.
  • Предлог-Решение за формирање Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој.
  • Предлог-Решение за формирање Комисија за урбанизам, комунални дејности и
  • заштита на животната средина.
  • Предлог-Решение за формирање Комисија за општествени дејности и права на децата.
  • Предлог-Решение за формирање Комисија за Статути прописи.
  • Предлог-Решение за формирање Комисија за елементарни непогоди.
  • Предлог-Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.
  • Предлог-Решение за формирање Комисијата за родова еднаквост.
  • Предлог-Решение за именување членови на Советот кои учествуваат при склучувањето на бракови во Прилеп и МК Плетвар, МК Тројаци и МК Старо Лагово.
  • Предлог-Решение за именување членови на Советот кои учествуваат при склучувањето на бракови во МК Витолиште, МК Дуње, МК Тополчани и МК Канатларци.
  • Предлог-Решение за именување членови на Советот кои учествуваат при склучувањето на бракови во МК Мало Коњари.
  • Предлог-Решение за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандат 2017-2021 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи