Под слоганот „Past, Tradition, Future – The way we interact!” на 21.10.2021 во Корча, Албанија се оддржа настан за одбележување на Европскиот ден за територијална соработка. Покрај фолклорнитетанци, ракотворби и штандови со традиционална храна, свое место за промоција имаа и петте проекти од вториот повик на ИПА II програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, финансирана од Европската Унија.
Меѓу проектите кои беа презентирани на овој настан беше и проектот „Превенција од поплави за заштита на животната средина“ кој го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп во партнерство со Општина Могила,Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Малиќ. Проектниот тим имаше можност да ги презентира активностите и резултатите од проектот пред гостите од двете земји, случајните минувачи, градоначалникот на Корча и делегацијата на Европската унија од двете земји.
После настанот во центарот на Корча, Н.Е. Луиџи Сорека – шеф на Делегацијата на Европската Унија во Албанија и Н.Е. Дејвид Гир – шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Сокол Деѓа – генерален директор на Министерството за Европа и надворешни работи во Република Албанија, Зоран Димитровски – заменик министер на Министерството за локална самоуправа во Република Северна Македонија и Сотирак Фило – градоначалникот на Корча, имаа средба со тимот на ЦГИ и ДМО. На оваа средба беа презентирани резултати од тековниот проект „Превенција од поплави за заштита на животната средина“ како и резултатите од проектот „Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II“ којпретходно го реализираа двете организации.
Успешната реализација на проектите на ЦГИ и ДМО е само потврда за успешна прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија.
Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.