Претседателот на Мрежа на ЛАГови (локални акциони групи) – г-ѓа Марина Тошеска денес оствари средба со Градоначалникот на oпштина Кривогаштани г-н Николче Мискоски и Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Прилеп г-н Дејан Тошески и на која се воспостави официјална соработка во рамките на проектот eHelp North Macedonia –Подобрување на пристапот до социјална заштита преку дигитализација и вмрежување спроведуван од LAG Regional management Regio3, Австрија во партнерство со МРЕЖА НА ЛАГОВИ, С. Македонија со финансика поддршка на Федералното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.
Жителите на руралните средини се соочуваат со бројни предизвици во остварување на своите права согласно законските регулативи и програми, и затоа општина Кривогаштани со вклучување во овој проект ќе овозможи подобрување на пристапот до социјална заштита преку дигитализација и вмрежување.
Воведувањето на услуги (теренски и мобилни услуги) кои се услуги базирани во заедницата кои имаат цел да ги поддржат лицата кои се изоставени од заедницата, да ги препознаат и да ги уживаат социјалните и човековите права се успешни практики во земјите на ЕУ. Преку овој проект со воспоставување на овие услуги ќе се даде придонес кон инклузивни заедници и имплементирање на Агенда 2030 на локалнo ниво, особено на Целите за одржлив развој: 1, 2, 3, 4, 5, 10, 11 и 17.
Во општината во соработка со Мрежата на ЛАГови и МЦСР Прилеп ќе се воспостави мобилен тим кој ќе ги посетува социјално ранливите семејства во руралните области на општина Кривогаштани обезбедувајќи информативна и советодавна поддршка, а од наредниот месец жителите на општината ќе може да се информираат за правата и социјалните услуги преку дигитална платформа.